МСС 16 НЕДВИЖНОСТИ, ПОСТРОЈКИ И ОПРЕМА
ЦЕЛ Да го пропише сметководствениот третман за НПО, така што корисниците на финансиските извештаи да можат да ги разликуваат информациите за вложувањето во НПО и промените во таквото вложување.
ГЛАВНИ ПРАШАЊА Признавање на средствата, Утврдување на нивниот сметководствен износ, Амортизација, Обезвреднување на средствата.
ДЕЛОКРУГ МСС 16 не се применува кај: I. НПО класифицирани како средства кои се чуваат за продажба во согласност со МСФИ 5, II. Биолошките средства поврзани со земјоделска активност (МСС 41 Земјоделство), III. Признавањето и мерењето на средства за истражување (МСФИ 6 Истражување за и вреднување на минерални ресурси).
ДЕФИНИЦИИ НПО се материјални средства кои: се чуваат за да се користат во производството или за испорака на стоки и услуги, за изнајмување, или за административни цели; и се очекува да се користат во времетраење повеќе од еден период. Амортизација - систематска алокација на амортизациониот износ на средството во текот на неговиот век на употреба.
ДЕФИНИЦИИ Корисен век на употреба периодот во кој средството се очекува да биде користено, број на очекувани произведени единици. Набавна вредност (Трошок) платени пари или парични еквиваленти за стекнување на средството, или објективната вредност на други добра дадени за набавка на средството. Остаток на вредноста нето износот на крајот од корисниот век по одбивањето на очекуваните трошоци за оттуѓување.
ДЕФИНИЦИИ Објективна вредност е износот за кој средството може да се размени помеѓу две упатени, заинтересирани страни преку спогодбена трансакција. Сметководствена вредност е износот по кој средството е прикажано во билансот на состојба по одбивањето на акумулираната амортизација (исправката на вредноста).
ПРИЗНАВАЊЕ Ставка од НПО треба да биде признаена како средство ако, и само ако: е веројатно дека идни економски користи поврзани со средството ќе претставуваат прилив за ентитетот, набавната вредност на средството може веродостојно да се измери.
ПРИЗНАВАЊЕ Резервните делови обично се евидентираат како залиха и како што се трошат се признаваат како расход. Меѓутоа, главните резервни делови и расположливата опрема што се очекува да биде ставена во функција се квалификуваат како НПО кога се очекува да се користат во текот на повеќе од еден период. Ако резервните делови можат да се употребат само заедно со ставка од НПО, тие се сметаат како НПО.
ПРИЗНАВАЊЕ Стандардот не ја пропишува единицата мерка за признавање, т.е. што ја сочинува ставката од НПО. Тоа значи дека е потребно рассудување при применувањето на критериумите за признавање согласно околностите. Може да биде соодветно да се сумираат индивидуални незначајни ставки, како што се калапи, алатки и матрици, и критериумите да се применат на сумарната вредност.
ПРИЗНАВАЊЕ Според принципот на признавање се вреднуваат трошоците на сите НПО во времето на нивното настанување. Овие трошоци ги вклучуваат почетните трошоци за да се стекне или изгради ставка од НПО и последователните трошоци направени за да се додаде или замени дел од некоја ставка или истата да се сервисира.
ПРИЗНАВАЊЕ НА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЗДАТОЦИ Кога издатоците ја подобруваат состојбата на средството над неговите претходни перформанси Модификацијата го продолжува векот на употреба (или зголемување на капацитетот). Вградување со кое се подобрува квалитетот на производството. Адаптирање кое води кон големо намалување на производствените трошоци.
МЕРЕЊЕ ПРИ ПРИЗНАВАЊЕ Ставка од НПО што се квалификува за признавање како средство треба да се мери по нејзината набавна вредност.
МЕРЕЊЕ ПРИ ПРИЗНАВАЊЕ Елементи на набавна вредност a) Набавна цена, вклучувајќи царина и неповратни даноци, по одземање на попустите и рабатите. b) Сите трошоци коишто директно можат да се припишат на носење на средството до локацијата и состојбата во која тоа е оперативно способно на начин предвиден од страна на раководството. c) Првичната проценка на трошоците за демонтирање и отстранување на средството и обновување на просторот каде што тоа е лоцирано.
МЕРЕЊЕ ПРИ ПРИЗНАВАЊЕ Елементи на набавна вредност Примери на трошоци коишто директно можат да се припишат на носење на средството до локација и состојба во која тоа е оперативно способно се: Трошоците за користи на вработените (МСС 19 Користи за вработени) коишто настануваат директно од изградбата или стекнувањето на ставката од НПО. (платата на вработените директно вклучени во изградба) Трошоците за подготовка на локацијата. Првичните трошоци за испорака и манипулирање.
МЕРЕЊЕ ПРИ ПРИЗНАВАЊЕ Елементи на набавна вредност Трошоците за инсталирање и монтирање. Трошоците за тестирање дали средството соодветно функционира, (како што се примероци произведени кога се тестира опремата). Надоместоци за професионалци.
МЕРЕЊЕ ПРИ ПРИЗНАВАЊЕ Признавањето на трошоците во сметководствената вредност на НПО престанува кога ставката е на локацијата и во состојба во која таа е оперативно способна на начин предвиден од страна на раководството. Затоа, трошоците направени при користење или повторно ставање во употреба на ставката не се вклучуваат во сметководствената вредност на таа ставка.
МЕРЕЊЕ ПРИ ПРИЗНАВАЊЕ Трошоците за позајмување (МСС 23) кои директно можат да се припишат на стекнувањето, изградбата или производството на средство кое се квалификува, треба да се капитализираат како дел од набавната вредност на тоа средство.
МЕРЕЊЕ ПРИ ПРИЗНАВАЊЕ Набавната вредност на НПО стекнато во размена, се мери по објективна вредност. Ако стекнатата ставка не се мери по објективна вредност, нејзината набавна вредност се мери по сметководствената вредност на даденото средство.
ПОСЛЕДОВАТЕЛНО МЕРЕЊЕ ТРОШКОВЕН МОДЕЛ МОДЕЛ НА РЕВАЛОРИЗАЦИЈА Се води по набавна вредност намалена за исправката на вредноста и загубата од обезвреднување Се води по ревалоризирана вредност (објективна вредност) намалена за исправката на вредноста и загубата од обезвреднување
ПОСЛЕДОВАТЕЛНО МЕРЕЊЕ Модел на ревалоризација Ревалоризациите треба да се прават со достатна редовност за да осигураат дека сметководствената вредност материјално не се разликува од објективната вредност на крајот на периодот за известување. Објективната вредност вообичаено е нивната пазарна вредност утврдена со проценка од страна на проценители. Чести ревалоризации не се потребни за ставки кои имаат незначајни промени на објективната вредност.
ПОСЛЕДОВАТЕЛНО МЕРЕЊЕ Кога некоj предмет на НПО се ревалоризира, треба да се ревалоризира истовремно целата група на која тоа средство припаѓа. Група на средства што се ревалоризираат истовремено се: земјиште; згради; машини; бродови; авиони; моторони возила; мебел и инвентар; канцелариска опрема.
ПОСЛЕДОВАТЕЛНО МЕРЕЊЕ За износот на ревалоризацијата: Зголемувањата го зголемуваат капиталот, се книжат ревалоризациони резерви. Намалувањата се признава како расход, по претходно пребивање со ревалоризационите резерви за истото средство.
АМОРТИЗАЦИЈА Амортизациониот износ се распоредува на систематска основа во текот на корисниот век на употреба. Амортизацијата вообичаено се признава како трошок за периодот. Понекогаш, амортизацијата се апсорбира во производството на други средства, во кој случај, амортизацијата претставува дел од набавната вредност на друго средство и се вклучува во неговата сметководствена вредност (на пример МСС 2, МСС 38).
АМОРТИЗАЦИЈА Фактори за утврдување на корисниот век на средството: очекуваното користење на средството (очекуван капацитет на средството; физичките излезни единици). очекуваното физичко трошење (број на смени; поправка и одржување; како и грижата и одржувањето на средството додека не се користи). техничката или комерцијалната застареност настаната од промени или подобрувања во производството, или од промена на побарувачката за производите. правни или слични ограничувања на користењето на средството, како што се истекувањето на роковите на поврзаните наеми.
АМОРТИЗАЦИЈА Методи на амортизација: пропорционален (праволиниски) метод; метод на опаѓачко салдо; метод на единици на производство (функционална метода) Консистентно применувана од период до период.
АМОРТИЗАЦИЈА Преиспитување на корисниот век на употреба: периодично (во временски интервали) ревидирање; подобрувања (со дополнителни вложувања); технолошки промени; политика на поправки и одржување. Преиспитување на методот на амортизација: периодично преиспитување; промени во проценките и прилагодување (усогласување) на амортизациониот трошок во тековниот и идните периоди.
ОБЕЗВРЕДНУВАЊЕ Примена на МСС 36 Обезвреднување на средства МСС 36 објснува како да се: преиспитува сметководствената вредност; определи надоместливиот износ; признае или поврaти (анулира) загубата од оштетување.
ОТПИШУВАЊЕ Се искнижуваат од евиденција кога се оттуѓени или кога трајно се повлечени од употреба. Загуби настанати со повлекувањето се признаваат во билансот на успех.
Прашања
Благодарам на вниманието zvonko.kocovski@bdo.mk тел. +389 3 117 888