Неофицијален пречистен текст

Podobné dokumenty
Закон за Данок на добивка

МСС 16 НЕДВИЖНОСТИ, ПОСТРОЈКИ И ОПРЕМА

МСС 38 Нематеријални средства страна 1

ИДЕНТИФИКАЦИЈА, МАРКАНТИ И ТЕХНОЛОГИИ НА ИДЕНТИФИКАТОРИ НА ВОЗИЛАТА ОД АСПЕКТ НА ТЕХНИЧКИТЕ ЕКСПЕРТИЗИ ВЕШТАЧЕЊА

VETERINÁRNÍ OSVĚDČENÍ pro mleté maso získané z krůt (1) a mechanicky oddělené maso drůbeže určené k dovozu do Republiky Severní Makedonie SPECIMEN

КОНТРОЛА НА ИДЕНТИФИКАТОРИ И ПОСТАПКА ПРИ ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ВОЗИЛО

620. Среда, 6 ноември 1,963 БЕЛГРАД

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

SPECIMEN. Kód Code Код. I.9. Země určení Country of destination Земја на дестинација I.12. Železniční vagon Railway wagon Железнички вагон I.17.

ZEMĚ: / COUNTRY: / ЗЕМЈА: Veterinární osvědčení (**) Health certificate (**) Ветеринарнo-здравствен сертификат (**) I.1. Odesílatel. I.2.

Komunikace neslyšících rodičů se slyšícími dětmi. Alena Vymazalová

С О Д Р Ж И Н А. Број 7 год. LXVII 20 јануари 2011, четврток Цената на овој број е 280 денари.

VETERINÁRNÍ OSVĚDČENÍ / HEALTH CERTIFICATE / ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ

Část 7 / Part 7 / Дел 7 VETERINÁRNÍ OSVĚDČENÍ HEALTH CERTIFICATE ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ

INFORMAČNÍ LIST VÝROBKU

ВОДИЧ ЗА ЗЕМЈАТА ДЕСТИНАЦИЈА - РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

На основу члана 108. Закона о јавним набавкама (''Сл. гласник РС'' бр. 124/12 ), директор ПУ Ната Вељковић Крушевац доноси:

На основу чл Закона о јавним набавкама ( Сл. гласник РС, бр. 124/12, 14/15 и 68/15) в.д. директора Завода за јавно здравље Зрењанин доноси

Поддршка за пристап до правото на заштита на личните податоци

Глаголскиот вид во негираните форми на императивот во македонскиот јазик и во чешкиот јазик

Oсвојување на реалноста

Секој јазик во својот состав има обемен број на фразеолошки изрази што заземаат мошне важен дел од лексичкиот фонд на јазикот.

Изготвувањето на овој документ е поддржано од страна на Германската фондација за меѓународна правна соработка (Фондација - IRZ) и Фондацијата Фридрих

Јасминка Делова Силјанова Филолошки факултет Блаже Конески Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

ES prohlášení o shodě

ЌЕРАМИДА MEDITERAN ГРАДИМЕ ДОВЕРБА

S L A V I C A S L O V A C A

Београд, 20. јула Припремљено за Конференцију Заштита од девизног ризика

Приходи и примања који представљају укупна средства утврђени су у следећим износима у Рачуну прихода и примања, расхода и издатака:

З А К О Н О ИЗМЕНАМА И ДОПУНАМА ЗАКОНА О БУЏЕТУ РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ ЗА ГОДИНУ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ ГЛАС L O R A I E V. e-весник на Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола број 34. јануари година XI

Univerzita Karlova v Praze. Filozofická fakulta. Ústav bohemistických studií. Bakalářská práce. Sara Cvetkoska

ИЗВЕШТАЈ О РЕЗУЛТАТИМА АНКЕТЕ О КРЕТАЊУ КАМАТНИХ СТОПА БАНАКА НА КРЕДИТЕ СТАНОВНИШТВУ

Парите од Хитлер. Радка Денемаркова. 1

ЗАКОН О БУЏЕТУ РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ ЗА ГОДИНУ I. ОПШТИ ДЕО

УПУТСТВО ЗА ПРИПРЕМУ РУКОПИСА ЗА ШТАМПУ

AKTY PŘIJATÉ INSTITUCEMI ZŘÍZENÝMI MEZINÁRODNÍ DOHODOU

(АГРОКОМПАНИ) Автоматска пакерица со усипен кош и елеватор - ВОРАК (АГРОКОМПАНИ)

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА УЧЕБНА 2014/2015 година

З А К О Н О БУЏЕТУ РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ ЗА ГОДИНУ I. ОПШТИ ДЕО

З А К О Н О БУЏЕТУ РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ ЗА ГОДИНУ I. ОПШТИ ДЕО

Славистика (чешки јазик и книжевност), Преведување. Четврток ч. Понеделник ч.

Приходи и примања који представљају укупна средства утврђени су у следећим износима у Рачуну прихода и примања, расхода и издатака:

Машина за перење алишта Упатство за употреба

Предлогот в/во во македонскиот јазик со временско значење и чешко-рускосрпски

Диптихот Доровски низ призмата на една машко-женска поетска енергија

Патувањето и пишувањето во прозните

На основу чл Закона о јавним набавкама ( Сл. гласник РС, бр. 124/12, 14/15 и 68/15) в.д. директора Завода за јавно здравље Зрењанин доноси

ЗАКОН О БУЏЕТУ РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ ЗА ГОДИНУ I. ОПШТИ ДЕО

Предавања доц. д-р Наташа Ристовска

Спирални реченици. Даниела Ходрова. 1

Потрошен материјал Кеси за украсување за еднократна употреба Хартиени обвивки за мафини... 12

жд к и ии П Ьн й ценки Д Ч П ед ИИПеци шьн й ценки Л ий уд Г Пк вк й л и Лин кийд м ин н ц е ельи ин и ц п лн н им н ни д еля Пк вк я л П л вкий й н ц

Службени гласник РС, бр. 51/2015

о про гла ше њу Закона о бу џе ту Ре пу бли ке Ср би је за го ди ну о бу џе ту Ре пу бли ке Ср би је за го ди ну

СТУДИЈА ЕКОНОМСКЕ ОПРАВДАНОСТИ ЗА ДРУШТВО ИЗГРАДЊЕ МИНИ-ХИДРОЦЕНТРАЛЕ (МХЕ) "МЕДНА" НА ИЗВОРИМА РИЈЕКЕ САНЕ

Replace CR actions such as turning

1. Захтев који се односи на обавезу да се обезбеди податак о лицима повезаним са банком?

Целосно нова Kia

Line Interactive UPS Návod k obsluze, v. 2.0

Číslo: 7 Báčsky Petrovec Ročné predplatné Ročník: XLIV 12. mája ,00.- dinárov O B S A H I. OBECNÁ VOLEBNÁ KOMISIA BÁČSKY PETROVEC

ИНФОРМАЦИЈА. О ДУГУ РЕПУБЛИКЕ СРПСКЕ са стањем на дан године

Д Е СЕ Т И М Е ЂУ Н А РОД Н И ФЕ СТ И ВА Л ДО КУ МЕН ТАР НОГ ФИЛ МА BEL DOCS НИ ЈЕ ЈОШ МРАК, БЕ О ГРАД, МАЈ 2017.

CS Návod k použití 2 SR Упутство за употребу 20. Trouba Пећница ZOB35772

АНАЛИЗА ДУГА РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ

Brussels, 3 March 2011 COUNCIL OF THE EUROPEAN UNION 12872/1/10 REV 1. Interinstitutional File: 2003/0329 (CNS) JUR 344

Slavomira Ribarova (Záhřeb)

SPECIMEN. Adresa / Address / Адреса I.3. Příslušný ústřední orgán Central Competent Authority Централни надлежни орган I.6.

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА. Технолошки факултет Лесковац. ЈАВНА НАБАВКА добара КВАЛИФИКАЦИОНИ ПОСТУПАК - ДРУГА ФАЗА ЈАВНА НАБАВКА 02/2018

LIST GRADA BEOGRADA АКТИ ГРАДСКИХ ОПШТИНА РЕШЕЊЕ ОДЛУКУ ЗВЕЗДАРА. Година LVI Број јун године Цена 220 динара

УНИВЕРЗИТЕТ У НОВОМ САДУ Др Зорана Ђинђића 1, НОВИ САД.

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВНУ НАБАВКУ МАЛЕ ВРЕДНОСТИ УСЛУГE ОДРЖАВАЊА МЕДИЦИНСКЕ И ЛАБОРАТОРИЈСКЕ ОПРЕМЕ ЈАВНА НАБАВКА РЕДНИ БРОЈ 9/2018

+49 (0) DUSPOL

5. Ра бота Práce о бщи понятия Obecné pojmy

VETERINÁRNÍ OSVĚDČENÍ Pro ošetřené kůže kopytníků určené k odeslání do Republiky Srbsko/k tranzitu přes Republiku Srbsko (1)

УНИВЕРЗИТЕТ У НОВОМ САДУ Др Зорана Ђинђића 1, Нови Сад

Финансијско посредовање и тржиште капитала: основни појмови и концепције. Борис Беговић

АНАЛИЗА ДУГА РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

SPECIMEN. Adresa/Address/ Адреса I.3. Příslušný ústřední orgán Central Competent Authority Централни Надлежни орган I.6.

SPECIMEN. Adresa / Адреса / Address I.3. Příslušný ústřední orgán / Централни надлежни орган / Central Competent Authority I.6.

КВАРТАЛНИ ИЗВЕШТАЈ О СТАЊУ СТЕЧАЈНЕ/ЛИКВИДАЦИОНЕ МАСЕ И ТОКУ ПОСТУПКА за период од: до: године

НАРОДНА БАНКА СРБИЈЕ ИЗВЕШТАЈ О СТАЊУ У БАНКАРСКОМ И УКУПНОМ ФИНАНСИЈСКОМ СИСТЕМУ ЗЕМЉЕ

DISCOVERY SPORT СПЕЦИФИКАЦИИ И ЦЕНОВНИК МОДЕЛСКА ГОДИНА 2018

У складу са чланом 63. Закона о јавним набавкама (Сл. Гласник Републике Србије бр. 124/2012,14/2015/,68/2015 у даљем тексту ЗЈН), Наручилац врши:

ФИНАНСИЈСКИ ИЗВЕШТАЈ

SPECIMEN. Говеда/Bovine animals/skot. Овце/Ovine animals/ovce. Козе/Caprine animals/kozy. Свиње/Porcine animals/prasata. Копитари/Equidae/Koňovití

ПОABO * I w*- У GTK, GTW, GTX PNEUMATICKE POHONY TYPU GTK, GTW, GTX ПНЕВМОПРИВОД ТИП GTK, GTW, GTX

K vybraným lexikálním grécismům ve staroslověnštině. areálu (s důrazem na makedonštinu a češtinu)

АНАЛИЗА ДУГА РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ

Градско веће Града Ниша, на седници од године, доноси Р Е Ш Е Њ Е

SCHEME A

СЛУЖБЕНИ ЛИСТ ОПШТИНЕ ТЕМЕРИН

ОДГОВОРИ НА ПИТАЊА БАНАКА, ДОБИЈЕНА ПРЕКО ПКС РС И УБС, У ВЕЗИ ПРИМЕНЕ ЗАКОНА О ЗАШТИТИ КОРИСНИКА ФИНАНСИЈСКИХ УСЛУГА

Dokument ze zasedání cor01 OPRAVA. Podle článku 216 jednacího řádu Evropského parlamentu se výše uvedený postoj opravuje takto:

ЈАВНО ПРЕДУЗЕЋЕ ЗА РАДИО И ТЕЛЕВИЗИЈСКУ ДЕЛАТНОСТ "НИШКА ТЕЛЕВИЗИЈА''НИШ

Veterinary certificate to the Republic of Serbia Ветeринарско уверење за Републику Србију Veterinární osvědčení do Srbské republiky

Време одржавања: предавања понедељак, 13:15 14:45 часова, учионица 012 вежбе понедењак 11:30 13:00 часова, учионица 21а

РЕПУБЛИКА СРПСКА ВЛАДА. ИНФОРМАЦИЈА О ДУГУ са стањем на дан године. Бања Лука, јун године

SPECIMEN. Veterinární osvědčení do RS Veterinary certificate to RS SRBSKO / SERBIA / СРБИЈА

Transkript:

Врз основа на членот 158-s точка 1) од Законот за супервизија на осигурување - пречистен текст ( Службен весник на Република Македонија" бр. 27/02, 79/07, 88/08, 67/10, 44/11, 188/13, 43/14, 112/14, 153/15, 192/15 и 23/16), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување донесе ПРАВИЛНИК за формата и содржината на дополнителните финансиски извештаи на друштвата за осигурување и/или реосигурување I. Општи одредби Член 1 (1) Со овој правилник се пропишува формата и содржината на извештаите кои друштвата за осигурување и/или реосигурување (во натамошниот текст: друштва за осигурување) ги составуваат како дополнување кон финансиските извештаи пропишани со Правилникот за формата и содржината на финансиските извештаи и детална содржина на годишниот извештај за работењето на друштвата за осигурување и/или реосигурување (во понатамошниот текст: дополнителни финансиски извештаи) и начинот и роковите на нивно доставување до Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: Агенцијата). (2) Дополнителните финансиски извештаи од став 1 на овој член, друштвата за осигурување ги составуваат врз основа на податоците од своите деловни книги, на ист начин како и при составување на финансиските извештаи. II. Дополнителни финансиски извештаи Член 2 (1) Друштвата за осигурување се должни да ги составуваат следните годишни дополнителни финансиски извештаи: 1. Извештај за вонбилансни ставки (ВонБС); 2. Извештај за валутна усогласеност (ВУ); 3. Извештај за рочна усогласеност (РУ); 4. Извештај за трансакции со поврзани лица (ТсоПЛ). (2) Друштвата за осигурување се должни да ги составуваат следните квартални дополнителни финансиски извештаи: 1. Извештај за приходи и расходи од вложувања (ПиРодВ); 2. Извештај за реализирани добивки (загуби) од продажба - капитална добивка (загуба) (РД(З)одВ); 3. Извештај за вредносно усогласување (нереализирани добивки (загуби), сведување на објективна вредност) (нерд(з)одв); 4. Извештај за вложувања кои не ги покриваат техничките и/или математичката резерва (ВК); Извештај за структура на вложувањата (СВл). (3) Друштвата за осигурување се должни да ги составуваат дополнителните финансиски извештаи наведени во став (1) и (2) од овој член согласно формата и содржината на истите, 1

пропишана со обрасците - Дополнителни финансиски извештаи на друштвата за осигурување, кои се дадени во Прилог 1 од овој правилник и се негов составен дел. (4) Друштвата за осигурување се должни да ги составуваат дополнителните финансиски извештаи наведени во став (1) и (2) од овој член согласно Упатството за пополнување на дополнителните финансиски извештаи кое е дадено во Прилог 2 од овој правилник и е негов составен дел. (5) Сите износи во дополнителните финансиските извештаи се изразуваат во македонски денари. III. Начин и рокови за известување Член 3 (1) Друштвата за осигурување се должни да ги составуваат годишните дополнителни финансиски извештаи од член 2 став (1) точки 1), 2), 3) и 4) од овој правилник со состојба на 31 декември во тековната деловна година. (2) Друштвата за осигурување се должни да ги составуваат кварталните дополнителни финансиски извештаи од член 2 став (2) точки 1), 2), 3), 4) и 5) од овој правилник со состојба на 31 март, 30 јуни, 30 септември и 31 декември во тековната деловна година. (3) Друштвата за осигурување се должни до Агенцијата да ги доставуваат годишните дополнителни финансиски извештаи од член 2 став (1) точки 1), 2), 3) и 4) од овој правилник најдоцна до 1 март во тековната за претходната година. (4) Друштвата за осигурување се должни до Агенцијата да ги доставуваат кварталните дополнителни финансиски извештаи од член 2 став (2) точки 1), 2), 3), 4) и 5) од овој правилник во рок од 30 дена од истекот на последниот ден од пресметковниот период за кој истите се составени. (5) Дополнителните финансиски извештаи од член 2 став (1) и (2) од овој правилник друштвата за осигурување се должни да ги достават до Агенцијата во наведените рокови во електронска форма на начин утврден од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување. IV. Преодни и завршни одредби Член 4 (Член 4 од Правилникот за формата и содржината на дополнителните финансиски извештаи на друштвата за осигурување и/или реосигурување објавен во Службен весник на Република Македонија" бр. 30/12) (1) Овој Правилник влегува во сила од денот на објавување во Службен весник на Република Македонија" а ќе започне да се применува при изготвување на кварталните дополнителни финансиски извештаи со состојба на 30 јуни 2012 година, односно на годишните дополнителни финансиски извештаи со состојба на 31 декември 2012 година. (Член 3 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на дополнителните финансиски извештаи на друштвата за осигурување и/или реосигурување објавен во Службен весник на Република Македонија" бр. 61/16) 2

Член 5 (1) Овој Правилник влегува во сила од денот на објавување во Службен весник на Република Македонија", а ќе се применува од 1 април 2016 година. (2) Друштвата се должни овој правилник да го применуваат со изготвувањето на кварталните извештаи за вториот квартал за 2016 година. Бр. од година Скопје Претседател на Советот на експерти д-р Климе Попоски 3

ПРИЛОГ2 УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ГОДИШНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ 1. ИЗВЕШТАЈ ЗА ВОНБИЛАНСНИ СТАВКИ 1.1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Во Извештајот за вонбилансни ставки се прикажуваат износите на одредени средства и обврски кои друштвата за осигурување ги водат вонбилансно. Овие позиции вклучуваат: нереализирани регресни побарувања, гаранции и други облици на емство, хартии од вредност и потенцијални хартии од вредност, вложувања, потенцијална добивка и други резултати. Во извештајот ставките се поделени на активни вонбилансни ставки и на пасивни вонбилансни ставки. 1.2. УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПОЕДИНЕЧНИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ВОНБИЛАНСНИ СТАВКИ Хоризонтално се искажува состојбата на поединечните вонбилансни ставки на друштвата за осигурување за тековниот и за претходниот период. Активни вонбилансни ставки - претставува збир на износите искажани на позициите од 002 до 006. Пасивни вонбилансни ставки - претставува збир на износите искажани на позициите од 008 до 013. 2. ИЗВЕШТАЈ ЗА ВАЛУТНА УСОГЛАСЕНОСТ НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА (БИЛАНСОТ НА СОСТОЈБА) 2.1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Во Извештајот за валутна усогласеност се искажува состојбата на средствата на друштвото за осигурување, распоредени во зависност од валутата во која друштвото за осигурување ги побарува средствата, односно ги должи обврските, како и нивната усогласеност/неусогласеност по валути. 2.2. УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ВАЛУТНА УСОГЛАСЕНОСТ НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА (БИЛАНСОТ НА СОСТОЈБА) Хоризонтално се искажуваат поединечните позиции од Активата и Пасивата од Извештајот за 4

финансиска состојба (Биланс на состојба) на друштвото во зависност од валутата во која друштвото ги побарува средствата, односно должи обврските, и тоа во: македонски денари (МКД), во странска валута или валутна клаузула врзана за евро (ЕУР), странска валута или валутна клаузула врзана за долар (УСД), странска валута или валутна клаузула врзана за швајцарски франци (ЦХФ) или друга странска валута или валутна клаузула. Вертикално се пополнуваат поединечните позиции од Активата и Пасивата од Извештајот за финансиска состојба на друштвото на начин дефиниран во Упатството за пополнување на Финансиските извештаи на друштвото. 3. ИЗВЕШТАЈ ЗА РОЧНА УСОГЛАСЕНОСТ НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА (БИЛАНСОТ НА СОСТОЈБА) 3.1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Во Извештајот за рочна усогласеност се искажува состојбата на средствата на друштвото за осигурување, распределени по периоди според договорената преостана рочност на средствата, односно обврските. 3.2. УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈ ЗА РОЧНА УСОГЛАСЕНОСТ НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ ОД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА (БИЛАНСОТ НА СОСТОЈБА) Хоризонтално се искажуваат поединечните позиции од Активата и Пасивата од Извештајот за финансиска состојба (Биланс на состојба) на друштвото по периоди според договорената преостаната рочност на средствата (период до 1 година, од 1 до 3 години, од 3 до 5 години, од 5 до 10 години, од 10 до 15 години, од 15 до 20 години, како и 20 и повеќе години). Вертикално се пополнуваат поединечните позиции од Активата и Пасивата од Извештајот за финансиска состојба (Биланс на состојба) на друштвото на начин дефиниран во Упатството за пополнување на Финансиските извештаи на друштвото. 4. ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСАКЦИИ СО ПОВРЗАНИ ЛИЦА 4.1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Во Извештајот за трансакции со поврзани лица се прикажуваат трансакциите во смисла на пренесување ресурси, услуги или обврски помеѓу друштвото за осигурување и со него поврзани страни согласно МСС 24 - Обелоденувања за поврзани страни. Во Извештајот посебно се искажуваат трансакциите кои друштвото ги остварило со неговото матично друштво, ентитетите кои имаат заедничка контрола или значително влијание врз друштвото, неговите подружници, сестринските подружници во рамки на групата, неговите придружени друштва, заеднички вложувања во кои друштвото е учесник во заедничкото вложување, клучниот раководен кадар и останатите поврзани лица. 5

4.2. УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ТРАНСАКЦИИ СО ПОВРЗАНИ ЛИЦА На хоризонталните позиции се прикажуваат трансакциите кои друштвото за осигурување ги остварило со различните категории (типови) на поврзани лица (матично друштво, ентитети кои имаат заедничка контрола или значително влијание врз друштвото, неговите подружници, сестринските подружници во рамки на групата, неговите придружени ентитети, заеднички вложувања во кои ентитетот е учесник во заедничкото вложување, клучен раководен кадар и останатите поврзани лица). На вертикалните позиции се искажуваат износите на одредени трансакции со поврзаните лица распоредени по одделни средства и обврски, приходи и расходи. КВАРТАЛНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ 5. ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРИХОДИ И РАСХОДИ ОД ВЛОЖУВАЊА 5.1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Во Извештајот за приходи и расходи од вложувања се прикажуваат остварените приходи и расходи од вложувања, распоредени во зависност од изворот на средствата (вложувања од техничките резерви, од математичката резерва или од останатите средства кои не ја покриваат математичката и/или техничките резерви). Износите искажани на позициите вкупни приходи и вкупни расходи треба да одговараат со износите искажани на соодветните позиции во Извештајот за сеопфатна добивка (Биланс на успех). 5.2. УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ПРИХОДИ И РАСХОДИ ОД ВЛОЖУВАЊА Хоризонтално се пополнуваат позициите на приходи и расходи од вложувања распоредени во соодветните колони во зависност од изворот на средствата (приходи и расходи остварени од вложувања од техничките резерви, од математичката резерва или од останатите средства кои не ја покриваат математичката и/или техничките резерви). Вертикално се пополнуваат поединечните позиции на Приходи, односно Расходи од вложувања од Извештајот за сеопфатна добивка на друштвото за осигурување на начин дефиниран во Упатството за пополнување на Финансиските извештаи на друштвото, распоредени по видови приходи, односно расходи (приходи од подружници, придружени друштва, заеднички контролирани ентитети, приходи од вложувања во земјиште и градежни објекти итн.). 6

6. ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ ДОБИВКИ (ЗАГУБИ) ОД ПРОДАЖБА - КАПИТАЛНА ДОБИВКА (ЗАГУБА) 6.1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Во Извештајот за реализирани добивки (загуби) од продажба - капитална добивка (загуба) се прикажуваат добивките, односно загубите остварени при продажба на одредени средства на друштвата за осигурување, класифицирани во портфолиото на инструменти расположливи за продажба, во портфолиото на инструменти чувани за тргување и земјиште и градежни објекти. 6.2. УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ ДОБИВКИ (ЗАГУБИ) ОД ПРОДАЖБА - КАПИТАЛНА ДОБИВКА (ЗАГУБА) Назив - претставува назив на средството со чија продажба друштвото за осигурување остварило капитална добивка, односно загуба. Класификација според МСФИ - се внесува скратениот назив на соодветната група од Извештајот за финансиска состојба (Билансот на состојба), и тоа: IP - Земјиште и градежни објекти IG - Финансиски вложувања во друштва во група - подружници, придружени друштва и заеднички контролирани ентитет HTM - Финансиски вложувања кои се чуваат до достасување AFS - Финансиски вложувања расположливи за продажба HFT - Финансиски вложувања за тргување L/R - Депозити, заеми и останати пласмани IO - Останати финансиски вложувања HTM - Финансиски вложувања кои се чуваат до достасување AFS - Финансиски вложувања расположливи за продажба HFT - Финансиски вложувања за тргување L/R - Депозити, заеми и останати пласмани IR - Финансиски вложувања кај кои осигуреникот го презема ризикот C/E - Парични средства и останати парични еквиваленти Во однос на овој извештај се дозволени класификациите AFS, HFT и IP. Број на хартии од вредност - претставува број на хартии од вредност (должнички, сопственички) со 7

чија продажба е остварена капитална добивка, односно загуба. Оваа позиција не се пополнува во однос на позицијата Земјиште и градежни објекти. Сметководствена вредност - претставува износ по кој средството е евидентирано во деловните книги на друштвото за осигурување до датумот на продажба (отуѓување). Продажна вредност - претставува износ којшто друштвото за осигурување го побарува или го наплатило при продажба на одредено средство. Реализирана добивка (загуба) - претставува износ на добивка, односно загуба која друштвото за осигурување ја остварило со продажба на одредено средство. Истата претставува разлика меѓу продажната и сметководствена вредност на средството. Извор на средства - претставува извор на средства од кои се извршени вложувањата, и тоа: - ВТР се однесува на вложувањата на средствата кои ги покриваат техничките резерви, - ВМР се однесува на вложувањата на средствата кои ја покриваат математичката резерва, - ВК се однесува на вложувањата на средствата кои не ја покриваат математичката и/или техничките резерви. На вертикалните позиции се искажува опис/износ согласно хоризонталните позиции, распоредени по одделни средства/инструменти (земјиште и градежни објекти кои служат за вршење дејност, земјиште и градежни објекти кои не служат за вршење дејност, акции, удели и останати сопственички инструменти во друштва во група - подружници, придружени друштва и заеднички контролирани ентитети, должнички хартии од вредност кои ги издале друштва во група -подружници, придружени друштва и заеднички контролирани ентитети итн.). 7. ИЗВЕШТАЈ ЗА ВРЕДНОСНО УСОГЛАСУВАЊЕ (НЕРЕАЛИЗИРАНИ ДОБИВКИ (ЗАГУБИ), СВЕДУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИВНА ВРЕДНОСТ) 7.1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Во Извештајот за вредносно усогласување (нереализирани добивки (загуби), сведување на објективна вредност се прикажуваат нереализираните добивки, односно загуби остварени со вредносно усогласување на средството класифицирано во портфолиото на инструменти расположливи за продажба и во портфолиото на инструменти чувани за тргување, како и вложувањата во земјиште и градежни објекти. 7.2. УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ВРЕДНОСНО УСОГЛАСУВАЊЕ (НЕРЕАЛИЗИРАНИ ДОБИВКИ (ЗАГУБИ), СВЕДУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИВНА ВРЕДНОСТ Назив - претставува назив на средството со чие вредносно усогласување друштвото за осигурување утврдило нереализирана добивка, односно загуба. Класификација според МСФИ - се внесува скратениот назив на соодветната група од Извештајот за 8

финансиска состојба (Билансот на состојба), и тоа: IP - Земјиште и градежни објекти IG - Финансиски вложувања во друштва во група - подружници, придружени друштва и заеднички контролирани ентитети HTM - Финансиски вложувања кои се чуваат до достасување AFS - Финансиски вложувања расположливи за продажба HFT - Финансиски вложувања за тргување L/R - Депозити, заеми и останати пласмани IO - Останати финансиски вложувања HTM - Финансиски вложувања кои се чуваат до достасување AFS - Финансиски вложувања расположливи за продажба IO- HFT - Финансиски вложувања за тргување L/R - Депозити, заеми и останати пласмани IR - Финансиски вложувања кај кои осигуреникот го презема ризикот C/E - Парични средства и останати парични еквиваленти Во однос на овој извештај се дозволени класификациите HFT, AFS и IP. Метод на вреднување - се внесува начинот на мерење/одредување на монетарните износи според кои се признаваат елементите на финансиските извештаи, во зависност од сметковоствениот третман на соодветното вложување. Примери: МСС 16 - трошковен модел/ модел на ревалоризација, МСС 40 - модел на објективна вредност/ модел на набавна вредност, МСС 39 - модел на објективна вредност/ модел на амортизирана набавна вредност по примена на метод на ЕКС и сл. Датум на последната процена - се однесува на датумот на последната процена, односно вредносно усогласување на средството до неговата објективна (фер) вредност. Сметководствена вредност - претставува износ по кој средството е евидентирано во деловните книги на друштвото за осигурување до датумот на неговата последна процена, односно вредносно усогласување. Објективна вредност на датумот на последната процена - претставува износот за кој средството може да биде разменето, или обврската подмирена во трансакција под комерцијални услови, помеѓу страни доволно информирани и спремни своеволно да ја прифатат трансакцијата, на датумот на последната процена. Ефект од ревалоризација - се однесува на ефектот кој произлегол од вредносно усогласување на финансискиот инструмент или материјалното средство, а се евидентира како зголемување или намалување на ревалоризационата резерва искажана во пасивата на Извештајот за финансиска состојба (Биланс на состојба). Се однесува исклучиво на финансиски инструменти класифицирани во 9

портфолиото на финансиски инструменти расположливи за продажба и вложувања во земјиште и градежни објекти. Ревалоризациона резерва (состојба) - ја претставува вкупната состојба на ревалоризационата резерва, односно сите ефекти кои произлегле од вредносно усогласување на финансиските вложувања класифицирани во портфолиото на финансиски инструменти расположливи за продажба и вложувањата во земјиште и градежни објекти. Вредносно усогласување (нереализирани добивки, сведуваое на објективна вредност) признаено директно во БУ - се однесува на ефектот кој произлегол од вредносно усогласување на одредено средство, а се евидентира како зголемување, односно намалување на добивката/загубата во Извештајот за сеопфатна добивка (Биланс на успех). Се однесува исклучиво на финансиски инструменти класифицирани во портфолиото на финансиски инструменти чувани за тргување и земјиште и градежни објекти. Нето курсна разлика - претставува нето курсна разлика. Амортизација на дисконтот/премијата кај финансиски инструменти со фиксен рок на доспеваое - претставува амортизација на дисконтот/премијата кај финансиски интрументи со фиксен рок на доспевање. Извор на средства - претставува извор на средства од кои се извршени вложувањата, и тоа: - ВТР се однесува на вложувањата на средствата кои ги покриваат техничките резерви, - ВМР се однесува на вложувањата на средствата кои ја покриваат математичката резерва, - ВК се однесува на вложувањата на средствата кои не ја покриваат математичката и/или техничките резерви. На вертикалните позиции се искажува опис/износ согласно хоризонталните позиции, распоредени по одделни средства/инструменти (земјиште и градежни објекти кои служат за вршење дејност, земјиште и градежни објекти кои не служат за вршење дејност, акции, удели и останати сопственички инструменти во друштва во група - подружници, придружени друштва и заеднички контролирани ентитети, должнички хартии од вредност кои ги издале друштва во група -подружници, придружени друштва и заеднички контролирани ентитети итн.). 8. ИЗВЕШТАЈ ЗА ВЛОЖУВАЊА КОИ НЕ ГИ ПОКРИВААТ ТЕХНИЧКИТЕ И/ИЛИ МАТЕМАТИЧКАТА РЕЗЕРВА 8.1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Во Извештајот за вложувања кои не ги покриваат техничките и/или математичката резерва се прикажува локализацијата на сите вложувања на друштвото за осигурување кои не се сметаат за дозволени видови на вложувања на средства кои ја покриваат математичката и/или техничките резерви и кои не се веќе прикажани во соодветните обрасци ВТР и ВМР, во согласност со Правилникот за видови и карактеристики на средствата кои ги покриваат техничките резерви и средствата кои ја покриваат математичката резерва, како и детално пласирање и ограничување на тие вложувања и нивно вреднување. 10

8.2. УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ВЛОЖУВАЊА КОИ НЕ ГИ ПОКРИВААТ ТЕХНИЧКИТЕ И/ИЛИ МАТЕМАТИЧКАТА РЕЗЕРВА На хоризонталните позиции се прикажуваат износите на вложувањата на друштвото поделени по видови вложувања согласно Образецот - Извештај за финансиска состојба (Биланс на состојба). На вертикалните позиции се прикажува износот на сегашна вредност на секоја поединечна група на вложувања искажана на хоризонталните позиции и нејзиното процентуално учество во капиталот на друштвото (износ прикажан на позицијата V од образецот за Пресметка на капиталот). 9. ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРУКТУРА НА ВЛОЖУВАЊАТА 9.1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Во Извештајот за структура на вложувањата се прикажува деталната структура и карактеристики на сите вложувања на друштвото за осигурување (вложувања на средства кои ја покриваат математичката и/или техничките резерви и останати вложувања на средствата кои не ја покриваат математичката и/или техничките резерви). Тоа се вложувања направени во согласност со Правилникот за видови и карактеристики на средствата кои ги покриваат техничките резерви и средствата кои ја покриваат математичката резерва, како и детално пласирање и ограничување на тие вложувања и нивно вреднување, прикажани во соодветните обрасци ВТР и ВМР, како и вложувања на средствата кои не ја покриваат математичката и/или техничките резерви на друштвото (од капиталот, односно сопствените средства), прикажани во соодветниот образец ВК. Вложувањата искажани во овој извештај (по вредност и по типови инструменти) треба да соодветствуваат со вложувањата на друштвото искажани на позициите во Извештајот за финансиска состојба (Биланс на состојба) на друштвото. Извештајот за структура на вложувањата не ја опфаќа структурата на недоспеаните побарувања на друштвото, иако истите како износ на недоспеани побарувања се сметаат за средства кои ги покриваат техничките/математичката резерва во согласност со член 4 став (2) од Правилникот за видови и карактеристики на средствата кои ги покриваат техничките резерви и средствата кои ја покриваат математичката резерва, како и детално пласирање и ограничување на тие вложувања и нивно вреднување. 9.2. УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРУКТУРА НА ВЛОЖУВАЊАТА Во Извештајот се пополнуваат само полињата кои се релевантни за соодветниот тип на инструмент. Извор на средства - претставува извор на средствата од кои се извршени вложувањата, и тоа: - ВТР се однесува на вложувањата на средствата кои ги покриваат техничките резерви. Вредноста на вложувањата прикажани во образецот СВл во делот на вложувања на 11

средствата кои ги покриваат техничките резерви треба да одговара на вредноста на вложувањата прикажани во образецот ВТР намален за вредноста на побарувањата кои се составен дел на позицијата I26 од образецот ВТР; - ВМР се однесува на вложувањата на средствата кои ја покриваат математичката резерва. Вредноста на вложувањата прикажани во образецот СВл во делот на вложувања на средствата кои ја покриваат математичката резерва треба да одговара на вредноста на вложувањата прикажани во образецот ВМР намален за вредноста на побарувањата кои се составен дел на позицијата I26 од образецот ВМР; и - ВК се однесува на вложувањата на средствата кои не ја покриваат математичката и/или техничките резерви. Вредноста на вложувањата прикажани во образецот СВл во делот на вложувања на средствата кои не ја покриваат математичката и/или техничките резерви треба да одговара на вредноста на вложувањата прикажани во образецот ВК. Број на позиција во БС - се внесува бројот на позицијата од Извештајот за финансиска состојба-билансот на состојба (БС) на друштвото на која е евидентирано вложувањето. Тип на вложување и поттип на вложување - претставува тип и поттип на вложувањето согласно следната табела: Табела: Тип и поттип на инструмент/ вид на вложување Тип на инструмент/ вид на вложување Поттип на инструмент/ вид на вложување I. Сопственички хартии од вредност 1. Обични акции 2. Приоритетни акции 3. Акции на затворени инвестициски фондови II. Должнички хартии од вредност 1. Записи 2. Обврзници 3. Конвертибилни обврзници III. Удели 1. Отворени ИФ 2. Приватни ИФ 3. Удели во трговски друштва IV. Пари и парични средства 1. Парични средства во благајна 2. Средства на банкарски сметки V. Депозити во банки 1. Депозити по видување 2. Орочени депозити VI. Недвижности 1. Земјиште за вршење на дејноста 2. Градежни објекти за вршење на дејноста 3. Земјиште кое не е за вршење на дејноста 4. Градежни објекти кои не се вршење на дејноста VII. Заеми и аванси 1. Заеми 2. Аванси (полиси за живот) VIII. Останато Гаранција - се внесува називот на издавачот на гаранцијата за вложувањето. Назив на издавачот (договорувачот) - се внесува називот на издавачот на хартиите од вредност, уделот, банката во која се пласирани средства, корисникот на заем или аванс, односно опис на 12

недвижниот имот (катастарска парцела, број на имотен лист). Сектор/потсектор на издавачот (договорувачот) - се внесува назив на секторот/потсекторот согласно дефинициите уредени во Правилникот за контен план на друштвата за осигурување и реосигурување, и тоа: Нефинансиски друштва / Приватни Нефинански друштва /Јавни Држава /Централна влада Држава /Локална самоуправа Финансиски друштва /Централна банка Финансиски друштва /Банки Финансиски друштва /Инвестициски фондови Финансиски друштва /Останати ISIN код на ХВ/ назив на фонд - се внесува ISIN (International Securities Identification Number) на хартијата од вредност или називот на фондот. Ознака - се внесува ознаката на хартиите од вредност од Централниот депозитар за хартии од вредност на домашниот пазар, односно од депозитарната институција во странство; сметка во банка (трансакциска или девизна), број на договор за депозит; договор за заем или аванс, имотен лист. Количина - се внесува број на хартии од вредност/удели. Класификација според МСФИ - се внесува скратениот назив на соодветната група од Извештајот за финансиска состојба (Билансот на состојба), и тоа: IP - Земјиште и градежни објекти IG - Финансиски вложувања во друштва во група - подружници, придружени друштва и заеднички контролирани ентитети IG- HTM - Финансиски вложувања кои се чуваат до достасување IG- AFS - Финансиски вложувања расположливи за продажба IG- HFT - Финансиски вложувања за тргување IG- L/R - Депозити, заеми и останати пласмани IO - Останати финансиски вложувања IO- HTM - Финансиски вложувања кои се чуваат до достасување IO- AFS - Финансиски вложувања расположливи за продажба IO- HFT - Финансиски вложувања за тргување IO- L/R - Депозити, заеми и останати пласмани IR - Финансиски вложувања кај кои осигуреникот го презема ризикот C/E - Парични средства и останати парични еквиваленти Метод на вреднување - се внесува начинот на мерење/одредување на монетарните износи според кои се признаваат елементите на финансиските извештаи, во зависност од сметковоствениот третман на соодветното вложување. Примери: МСС 16 - трошочен модел/ модел на ревалоризација, МСС 40 - модел на објективна вредност/ модел на набавна вредност, МСС 39 - модел на објективна вредност/ модел на амортизирана набавна вредност по примена на метод на ЕКС и сл. Земја на издавачот (договорувач) - се внесува ISO 3166 код на земјата на издавачот (договорувач) 13

Земја на тргување -се внесува ISO 3166 код на земјата каде што е купен инструментот. Регулиран пазар на тргување - се внесува назив на регулираниот пазар (берза, пазари преку шалтер или мултилатерална трговска платформа (МТП)) каде што е купен инструментот. Извор на вреднувањето - се внесува изворот на податокот за вреднување (пр., метод на ефективна каматна стапка, име на берза, друштво за управување со инвестициски фондови и сл.). Набавна вредност - се внесува набавната вредност. Акумулирана камата -се внесува каматата од почетокот на купонскиот период во кој се врши тргувањето до датумот на извештајот. Амортизиран трошок - се внесува износот на амортизиран трошок. Објективна вредност - се внесува објективната (фер) вредност на вложувањето на датумот на Извештајот. Сметководствена вредност - се внесува сметководствената вредност на вложувањето која соодветствува со позицијата искажана во Извештајот за финансиска состојба (Биланс на состојба) на друштвото на датумот на извештајот. Сметководствена вредност во оригинална валута - се внесува сметководствената вредност во оригинална вредност по среден курс на НБРМ. Валута - се внесува ISO 4217 код на валутата. Тип на купон - се внесува типот на купон, и тоа фиксен/ флуктуирачки. Фреквентност на купонот - се внесува фрекфентност на купонот, и тоа 1 (годишен), 2 (полугодишен), 4 (квартален) или 12 (месечен). Каматна стапка - се внесува номинална каматна стапка (пр., износ на каматната стапка или начинот на формирање на каматната стапка LIBOR, EURIBOR плус додаток). Ефективна каматна стапка/принос - се внесува ефективната каматна стапка на годишно ниво, односно приносот кој се остварува од вложувањето со 4 децимални позиции. Датум на инвестицијата - се внесува датумот на кој е извршено вложувањето на средствата/порамнувањето. Овој датум се однесува на последниот датум на кој е извршено вложувањето на средствата/порамнувањето. Во случај кога во извештајниот период има повеќе настани, деталите се даваат како дополнителна забелешка. Датум на доспевање - се внесува датумот на доспевање на должничките инструменти/ крај на договорниот однос. Рејтинг - се внесува рејтингот на издавачот/договорувачот. Рејтинг агенција - се внесува рејтинг агенцијата на издавачот/договорувачот. 14