Целосно нова Kia

Podobné dokumenty
DISCOVERY SPORT СПЕЦИФИКАЦИИ И ЦЕНОВНИК МОДЕЛСКА ГОДИНА 2018

Opel Vivaro Combi kg L1H1. дизел L1H kg. Combi. верзија Тежина без ДДВ без ДДВ без ДДВ без ДДВ без ДДВ без ДДВ без ДДВ без ДДВ

Opel Vivaro Combi. дизел L1H kg kg L1H1. дизел L1H kg L2H kg. Combi. Combi 1.6 CDTI. 1.6 TwinTurbo CDTI Start/Stop

ИДЕНТИФИКАЦИЈА, МАРКАНТИ И ТЕХНОЛОГИИ НА ИДЕНТИФИКАТОРИ НА ВОЗИЛАТА ОД АСПЕКТ НА ТЕХНИЧКИТЕ ЕКСПЕРТИЗИ ВЕШТАЧЕЊА

КОНТРОЛА НА ИДЕНТИФИКАТОРИ И ПОСТАПКА ПРИ ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ВОЗИЛО

ЌЕРАМИДА MEDITERAN ГРАДИМЕ ДОВЕРБА

Komunikace neslyšících rodičů se slyšícími dětmi. Alena Vymazalová

Потрошен материјал Кеси за украсување за еднократна употреба Хартиени обвивки за мафини... 12

Машина за перење алишта Упатство за употреба

Глаголскиот вид во негираните форми на императивот во македонскиот јазик и во чешкиот јазик

МСС 38 Нематеријални средства страна 1

ZEMĚ: / COUNTRY: / ЗЕМЈА: Veterinární osvědčení (**) Health certificate (**) Ветеринарнo-здравствен сертификат (**) I.1. Odesílatel. I.2.

МСС 16 НЕДВИЖНОСТИ, ПОСТРОЈКИ И ОПРЕМА

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

Јасминка Делова Силјанова Филолошки факултет Блаже Конески Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

ВОДИЧ ЗА ЗЕМЈАТА ДЕСТИНАЦИЈА - РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

ES prohlášení o shodě

Диптихот Доровски низ призмата на една машко-женска поетска енергија

Парите од Хитлер. Радка Денемаркова. 1

Поддршка за пристап до правото на заштита на личните податоци

С О Д Р Ж И Н А. Број 7 год. LXVII 20 јануари 2011, четврток Цената на овој број е 280 денари.

Закон за Данок на добивка

INFORMAČNÍ LIST VÝROBKU

Спирални реченици. Даниела Ходрова. 1

Секој јазик во својот состав има обемен број на фразеолошки изрази што заземаат мошне важен дел од лексичкиот фонд на јазикот.

VETERINÁRNÍ OSVĚDČENÍ / HEALTH CERTIFICATE / ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ

Oсвојување на реалноста

Univerzita Karlova v Praze. Filozofická fakulta. Ústav bohemistických studií. Bakalářská práce. Sara Cvetkoska

Изготвувањето на овој документ е поддржано од страна на Германската фондација за меѓународна правна соработка (Фондација - IRZ) и Фондацијата Фридрих

SPECIMEN. Kód Code Код. I.9. Země určení Country of destination Земја на дестинација I.12. Železniční vagon Railway wagon Железнички вагон I.17.

S L A V I C A S L O V A C A

УНИВЕРЗИТЕТСКИ ГЛАС L O R A I E V. e-весник на Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола број 34. јануари година XI

Патувањето и пишувањето во прозните

На основу чл Закона о јавним набавкама ( Сл. гласник РС, бр. 124/12, 14/15 и 68/15) в.д. директора Завода за јавно здравље Зрењанин доноси

AKTY PŘIJATÉ INSTITUCEMI ZŘÍZENÝMI MEZINÁRODNÍ DOHODOU

CS Návod k použití 2 SR Упутство за употребу 20. Trouba Пећница ZOB35772

Line Interactive UPS Návod k obsluze, v. 2.0

Предлогот в/во во македонскиот јазик со временско значење и чешко-рускосрпски

VETERINÁRNÍ OSVĚDČENÍ pro mleté maso získané z krůt (1) a mechanicky oddělené maso drůbeže určené k dovozu do Republiky Severní Makedonie SPECIMEN

Предавања доц. д-р Наташа Ристовска

На основу члана 108. Закона о јавним набавкама (''Сл. гласник РС'' бр. 124/12 ), директор ПУ Ната Вељковић Крушевац доноси:

Oficiální dovozce: KIA MOTORS CZECH, s. r. o. V Oblouku 128, Čestlice kia-info@kia.cz,

Část 7 / Part 7 / Дел 7 VETERINÁRNÍ OSVĚDČENÍ HEALTH CERTIFICATE ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ

УПУТСТВО ЗА ПРИПРЕМУ РУКОПИСА ЗА ШТАМПУ

Život je takový, jaký si ho uděláte. Vítejte ve světě značky Kia.

Replace CR actions such as turning

SCHEME A

SPORTAGE MY18 AKTUÁLNÍ AKCE

620. Среда, 6 ноември 1,963 БЕЛГРАД

BULHARŠTINA NA CESTY

ИЗВЕШТАЈ О РЕЗУЛТАТИМА АНКЕТЕ О КРЕТАЊУ КАМАТНИХ СТОПА БАНАКА НА КРЕДИТЕ СТАНОВНИШТВУ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА УЧЕБНА 2014/2015 година

Slavomira Ribarova (Záhřeb)

Д Е СЕ Т И М Е ЂУ Н А РОД Н И ФЕ СТ И ВА Л ДО КУ МЕН ТАР НОГ ФИЛ МА BEL DOCS НИ ЈЕ ЈОШ МРАК, БЕ О ГРАД, МАЈ 2017.

Неофицијален пречистен текст

CZ MATMÄSSIG BG RO BG CZ RO

MÖJLIG CZ BG RO CZ BG RO

SLOVENSKO 48 ENGLISH DEUTSCH FRANÇAIS ITALIANO ESPAÑOL PORTUGUES NEDERLANDS DANSK NORSK SVENSKA

Život je takový, jaký si ho uděláte. Vítejte ve světě značky Kia.

DEG 125-D/-P / DEG 150-D/-P

ИЗАБРАНИ УЏБЕНИЦИ ЗА ПРВИ И ПЕТИ РАЗРЕД ОСНОВНОГ ОБРАЗОВАЊА И ВАСПИТАЊА (уџбеници ће се користити од школске 2018/2019. године)

Život je takový, jaký si ho uděláte. Vítejte ve světě značky Kia.

ТОА Е ТОА! 15 идеи за благи и солени јадења. Браво рецепти

Byznys a obchodní záležitosti

+49 (0) DUSPOL

Se il vous plaît remplir!

ЦРНОГОРСКИ СИМФОНИСКИ ОРКЕСТАР 03 ДЕКЕМВРИ :00 ЧАСОТ

Ръководство за монтаж

DUSPOL expert. D Bedienungsanleitung. F Mode d emploi E Manuel de instrucciones. H Használati utasítás I Istruzioni per l uso.

На основу чл Закона о јавним набавкама ( Сл. гласник РС, бр. 124/12, 14/15 и 68/15) в.д. директора Завода за јавно здравље Зрењанин доноси

Život je takový, jaký si ho uděláte. Vítejte ve světě značky Kia.

СРПСКА ВОДИЧ ПРОИЗВОДА KATALOG VÝROBKŮ

Представяне на нашата фирма - с дълголетни традиции и стабилно качество на производството. na správné cestě. на правилния

Byznys a obchodní záležitosti Dopis

Београд, 20. јула Припремљено за Конференцију Заштита од девизног ризика

Stručný návod k obsluze. SK Stručný návod HU Rövid használati útmutató RO Ghid succint BG Ръководство за бърз старт

Прокси. Кришна Татенени превод: Драган Пантелић

Ко и зашто напада Закон о рачуноводству

Használati utasítás GP-280 IP kamerához

PL KARTA INSTALACYJNA

START СТАРТ - POČETAK - START - ŠTART - ZAČNITE

EWG W. CS Pračka Návod k použití 2 SR Машина за прање рубља Упутство за употребу 34


DCG 230-D/ DAG 230-D. zh cn. Printed: Doc-Nr: PUB / / 000 / 01

Bulharský jazyk, základní slovní zásoba

M18 FDD M18 FPD. Оригинален прирачник за работа. Original brugsanvisning Original bruksanvisning Bruksanvisning i original Alkuperäiset ohjeet


K vybraným lexikálním grécismům ve staroslověnštině. areálu (s důrazem na makedonštinu a češtinu)






о про гла ше њу Закона о бу џе ту Ре пу бли ке Ср би је за го ди ну о бу џе ту Ре пу бли ке Ср би је за го ди ну

Време одржавања: предавања понедељак, 13:15 14:45 часова, учионица 012 вежбе понедењак 11:30 13:00 часова, учионица 21а

mmmmmmmmmmmmmmimnnmmmmmmурок 7

Vaše uživatelský manuál PHILIPS PT 720

Н А Р ОД Н А БА Н К А

РЪКОВОДСТВО ЗА МОНТАЖ

2018 Koninklijke Philips N.V. Všechna práva vyhrazena (16/4/2018) BSC111 MS1011. >75% recycled paper >75% papier recyclé

Transkript:

7-годишна Kiaгаранција: Фабричка гаранција до 7 години или до150,000 км. Важи во сите земји членки на ЕУ (плус Норвешка, Швајцарија, Исланд и Гибралтар), и подлежи на локалните закони и регулации. www.kia.com Kia Motors Europe GmbH Theodor-Heuss-Allee 11 60486 Frankfurt am Main Germany www.kia.com 00.000000 10/2015 Сите информации, илустрации и спецификации се точни во моментот на печатењето и се предмет на промена без најава.моделите и спецификациите дадени во оваа брошура може да варираат од моделите достапни на пазарот.поради ограничувањата на процесот на печатење, боитe на прикажаните автомобили може малку да варираат од реалните бои. Ве молиме контактирајте го вашиот локален KIA застапник за најновите информации. Целосно нова Kia

Животот е спектакуларен, живописен, непредвидлив и возбудлив од сите можни аспекти. Што и да се случи, каде и да одите и што и да откриете, Kia е со вас. Искористете го животот до максимум. Добредојдовте во светот на KIA. Ние во Kia ги посветивме нашите животи на придонесување кон подобра иднина.затоа развиваме и градиме автомобили што ви помагаат да откривате и да уживате во новите хоризонти. Автомобили со зачудувачки дизајни, напредни технологии и паметни решенија. Автомобилите ја имаат нашата извонредна 7-годишна гаранција како доказ за нашиот неверојатен квалитет. Што и да правиме, се трудиме да ја исполниме нашата мисија: секогаш да ги надминуваме вашите очекувања. Ние тоа го на-рекуваме моќ да изненадиш. Затоа ве покануваме да погледнете одблизу и да ни дозволите да ве изненадиме.

Динамична, интелигентна и полна со иновативни идеи. Целосно новата Kia Optima изобилува со интелигентни и напредни решенија. Опремена е со иновативни карактеристики, напредни технологии за безбедност и комфор и паметни решенија да бидете секогаш поврзани. Optima е совршен партнер, кој секогаш ќе биде тука за вас. 4 5

Перфекционизмот има свои придобивки Префинета, подобрена и усовршена, целосно новата Kia Optima ќе ви овозможи неверојатно спокојство и мирно возење во кое целосно ќе уживате. Од впечатливиот дизајн до високо-технолошките функционалности, Optima поставува нов стандард за квалитет. 6 7

Дизајнирана за бизнис, но и за уживање Префинетите пропорции, мазните линии и вниманието посветено на секој агол и на секој детаљ придонесуваат за импресивниот стил на новата Kia Optima. Продолженото меѓуоскино растојание овозможува подобро управување, комфор и пространост. Истовремено, со деталите како препознатливата решетка на Kia и LED задните фарови нема да останете незабележани.. 8 9

Одлична видливост без разлика на условите За да ви помогне да бидете целосно фокусирани, новата Optima ќе се погрижи патот секогаш да е осветлен, прегледен и јасен. Задни LED фарови Задните LED фарови, освен тоа што придонесуваат за импресивниот стил на новата Optima, овозможуваат и секогаш да бидете видливи. Bi-Xenon фарови Bi-Xenon фаровите со динамично прилагодување и опција за помош за возење со долги светла овозможуваат кристално јасно осветлување за зголемена видливост и уште побезбедно возење. 10 11

Комфор на кој секогаш можете да сметате Лесно е да се препуштиш на уживањето во новата Kia Optima, дури и во најстресните денови. Иновативните комфорни карактеристики вклучуваат вентилирани седишта што ќе ве освежат, пространа внатрешност и високо-квалитетна инструмент табла, ориентирана кон возачот и направена од материјали меки на допир. А благодарение на оптимизираната звучна изолација во кабината, ќе уживате во уште попрефинето возење. 12 13

Оаза на удобноста Зголемена внатрешност со повеќе простор за главата и нозете, исклучително удобни вентилирани и климатизирани седишта: кабината ве примамува со својата пространост и ви гарантира дека ќе уживате во секој момент од секое патување. Вграден систем за меморија (IMS) Може да се зачуваат позициите за седиштето, воланот и ретровизорите за 2 различни возачи. Прилагодливи предни седишта Предните седишта можат електронски да се прилагодат на 8 начини и вклучуваат лумбална поддршка за возачот и совозачот. Вентилирани и загреани седишта Уживајте во предните и задните седишта со грејач и можност за подесување на топлината. Вентилираните предни седишта циркулираат топол или ладен 14 воздух за да ве стоплат или освежат. 15

Паметни идеи што ќе ви помогнат да останете фокусирани Напредната внатрешноста на новата Optima е ориентирана кон возачот, модерна, префинета и полна со врвни функционалности што ќе ви помогнат да останете фокусирани. Сè што ви треба е на дофат. Инструмент табла со4.3-инчен TFT-LCD екран Впечатливата и модерна инструмент табла е опремена со 4.3-инчен TFT-LCD екран (за EX моделите) преку кој ќе имате пристап до најразлични корисни информации, од просечна потрошувачка на гориво до надворешната температура. LX моделите се опремени со 3.5-инчен монохроматски TFT-LCD екран. Безжичен полнач за телефон Уживајте во погодностите на безжичното полнење. Едноставно поставете ги телефоните кои имаат Qi технологија или соодветни футроли директно на централната конзола и лесно и брзо наполнете го телефонот без никаков кабел. Harman/Kardon премиум звучен систем Овој напреден систем се состои од 10 звучници и 8 субвуфери со дополнителен засилувач за да се добие врвен звук. Bluetooth Вградениот микрофон се поврзува со Bluetooth телефон за секогаш да бидете достапни. 4.3-инчен TFT-LCD екран во боја 3.5-инчен монохроматски TFT-LCD екран Навигација (8", EU AVN 2.0) Опционалната 8-инчна аудио визуелна навигација 2.0 вклучува систем за радио податоци, МР3, Bluetooth, задна камера, 6 бесплатни, годишни ажурирања на мапите, опционално дигитално радио и ги поддржува TomTom безжичните услуги. Покрај поголемиот екран, вклучен е и Harman/Kardon премиум звучен систем. Навигација (7", EU AVN 2.0) Стандардната 7-инчна аудио визуелна навигација 2.0 вклучува систем за радио податоци, МР3, Bluetooth, задна камера, 6 бесплатни, годишни ажурирања на мапите, опционално дигитално радио и ги поддржува TomTom безжичните услуги. 16 17

Каде? Кога? Како? Одговорот е тука Нашиот нов навигациски систем со TomTom функционалности го носи водењето до одредена дестинација на сосема ново, прецизно и квалитетно ниво. Ви овозможува да останете поврзани со надворешниот свет и ви нуди повеќе корисни информации од кога било. Опремен е и со WiFi уред, кој овозможува навигацискиот систем да се поврзе со интернет преку вашиот смартфон.* 1. Информации за сообраќајот** Навигацискиот систем овозможува прецизнии нформации за сообраќајот во реално време, кои се ажурираат секои две минути и благодарение на кои можете во кое било време да се информирате каде има метеж во сообраќајот и кои зони да ги избегнувате. Доколку има метеж, системот ви предлага алтернативн рута. 3. Локално пребарување Ако барате суши ресторан, супер маркет или некое ново место за излегување, едноставно изберете Local Search. Базата на податоци содржи 500 категории кои може да се пребаруваат, 25,000 клучни зборови и 250,000 локации со кои сигурно ќе го најдете тоа што го барате. Исто така, системот ви овозможува да пребарувате на десет јазици, дури и во странство. 2. Камери за проверка на брзината** Исто така, ќе бидете предупреденизаоколните камери за проверка на брзината и за зоните со ограниченпристап.системот може и да ги земе предвид регионите каде што се случуваат најмногу сообраќајни несреќи и да ги означи како црни точки. 4. Временска прогноза Сакате да знаете дали за викендот ќе биде сончево или ќе врне? За секој случај проверете ја временската прогноза. Едноставно внесете ја вашата дестинација за да се прикаже 4-дневна прогноза со минимални и максимални температури, брзина на ветрот и шанси за дожд. 1 3 2 4 * За вклучување на услугите потребен е смартфон со интернет конекција. ** Во зависност од земјата може да важат правни рестрикции за овие функции. 18 19

Интуитивна интелигенција Новата Kia Optima е дизајнирана да ви овозможи целосно спокојство. Со 50% посилна каросерија и бројни напредни безбедносни карактеристики, можете да се опуштите и непречено да уживате во возењето. Информации за ограничување на брзината (SLIF) Оваа функција ја користи камерата за да ги препознае знаците за ограничување на брзината, а потоа ја прикажува ограничената брзина на инструмент таблата. Функцијата исто така ги зема предвид периодот од денот и временските услови. Систем за итно сопирање (AEB) Системот за итно сопирање ги детектира возилата пред вас и пешаците што ја преминуваат улицата. Преку сензорите и камерата се надгледува растојанието и брзината на возилата и ако се детектира можна опасност за судир, возачот се предупредува преку звучен аларм. Ако нема никаква реакција од возачот, автомобилот автоматски сопира за да се избегне несреќата. Систем за одржување правец (LKAS) Нема потреба да се грижите за тоа дали ќе излезете од сообраќајната лента. Овој систем ве предупредува, дури и ве насочува назад доколку о ненамерно го промените правецот и излезете од сообраќајната лента. Напреден темпомат (ASCC) Напредниот темпомат користи сензори на предниот дел од возилото за да го надгледува растојанието до возилата напред. Ако претходно внесеното безбедно растојание не се одржува, системот ќе ја намали брзината или ќе го сопре возилото додека автомобилот пред вас не продолжи со возење. Надгледување на слепата точка (BSD) Преку радарите што ги надгледуваат слепите точки и ве предупредуваат за возила што се приближуваат преку предупредувачките показатели на ретровизорите, системот за надгледување на слепата точка овозможува одлична покриеност на сите агли. Систем за помош при престројување (LCA) Преку ретровизорите и инструмент таблата, системот ве предупредува за возила што се приближуваат во паралелната лента и го олеснува престројувањето. 20 21

Дополнителна помош никогаш не е на одмет Со новата Kia Optima никогаш нема да бидете неподготвени. Бројните иновативни функции на Optima ќе ви помогнат при возењето, ќе ви овозможат пристап до секакви информации и ќе ја подобрат вашата безбедност. Прилагодлив систем за осветлување (AFLS)* За нас непрегледноста не постои. Системот за осветлување ги насочува кратките светла да ја следат кривината како што возилото врти со што се подобрува ноќната видливост. Системот се прилагодува според брзината на возилото, тежината и аголот на вртење. Систем за надгледување (AVM) При брзина под 20 км/ч. системот комбинира слики од четирите агли (преземени од предните, задните и страничните камери) за да ви овозможи приказ на просторот околу возилото од птичја перспектива. Помош за возење со долги светла (HBA)* Камерата во ветробранското стакло ги детектира возилата што се приближуваат однапред, а системот за долги светла автоматски се префрла на кратките светла за да се добијат оптимални услови. Интелигентен систем за паркирање (SPAS)* Системот за паркирање ги користи страничните сензори за да ви помогне полесно да се паркирате под прав агол или паралелно. Со функцијата за маневрирање ќе добиете и инструкции кои ќе ви помогнат да излезете од паралелно паркинг место. Предупредување при возење во рикверц (RCTA) Повеќе нема непријатни изненадувања кога возите во рикверц при излегување од паркинг. Системот е дизајниран да ве предупреди доколку во лентата во која влегувате има возила кои се приближуваат. 22 23

Бензински мотор (Nu 2.0 L CVVL) Макс. моќност 163 КСна 6,500 вртежи во минута. Тивки, ефикасни и економични мотори Без разлика дали ќе изберете бензинец или дизел, сите наши мотори се неверојатно моќни и ви овозможуваат тивко, мирно и економично возење. Со дизел моторот може да го изберете опционалниот 7- брзински автоматски менувач со двојна спојка за уште поспортско и повозбудливо возење. Систем за енегетска регенерација Stop&Go технологијата е корисна и за животната средина и за вашата сметка во банка. Опцијата го вклучува и системот за енергетска регенерација, што се активира кога ќе ја тргнете ногата од педалот за гас. Еколошкиот систем ја користи кинетичката енергија за да го наполни акумулаторот и е корисен за подобрување на потрошувачката. Дизел мотор (U2 1.7 VGT) Макс. Моќност 141КС на 4000 вртежи во минута. 24 25

Имајте целосна контрола во секое време Дополнително усовршена за уште попријатно возење и брзо маневрирање, шасијата ви овозможува да имате целосна контрола над возилото, без разлика на условите на патот. Истовремено, преднителагерии поголемите, двојни задни раменапридонесуваат за уште попрефинето возење и управување. Кога се работи за вашата безбедност и безбедноста на вашите патници, новата Optima поставува нов стандард. Подобрувањата вклучуваат покорисно искористување на металите и лепилата и уште повеќе внимание посветено на деталите. Интелигентни идеи и брилијантни материјали Напреден, цврст челик Зацврстени делови Тип на рамка со сервомотор (R-MDPS) Уживајте во цврстото, солидно, центрирано возење со неверојатно лесно управување, благодарение на серво моторот (R-MDPS) на дизел моделите Новата Optima користи повеќе од 50% напреден, цврст челик (AHSS), што е 150% повеќе во споредба со претходниот модел. Новиот облик го подобрува отворањето на багажникот и ја подобрува цврстината на каросеријата. Зацврстувањето на деловите е за 320% зголемено во споредба со претходниот модел. Засилената структура на каросеријата овозможува подобра заштита при судир, подобра возна динамика и потивко возење. Електронска амортизација (ECS) Амортизери со линеарни вентили (PLD) Лепило 7 воздушни перничиња Системот за електронска амортизација се прилагодува на условите за возење и ги прилагодува подесувањата за оптимално управување и возење. Опционалната амортизација е за дизел LHD моделите со DCT менувач. За зголемен комфор при возење, стандардните амортизери со линеарни вентилиовозможуваат брзо отворање затворање на вентилите за подобра амортизација на тркалата. Иновативната геометрија ја намалува бучавата и вибрациите за уште поудобно возење. Благодарение на 119-метарското структурално лепило (560% повеќе од претходната генерација) новата Optima има подобра структурална цврстина и минимизирани вибрации при возењето. За поголема заштита на патниците и потенцијално намалување на повредите при судир, новата Optima е опремена со две предни и две странични воздушни перничиња и две воздушни завеси, како и воздушно перниче за колена за возачот кај LHD моделите. 26 27

Сите детали се битни Дизајнирана со внимание посветено на сите детали, новата Optima изобилува со интелигентни решенија. А ако сакате уште повеќе да уживате во возењето, достапен е голем избор дополнителна опрема. Рачки за брзини- со овие рачки на дофат, автоматското менување брзини ќе биде брзо и ефикасно. Аудио контроли на воланот- подесете ја јачината на звукот, менувајте станици без да ги тргнете рацете од воланот, благодарение на корисните аудио контроли. Панорамски покрив Широкиот, троделен панорамски покрив додава светла и свежа димензија на вашите патувања. Електричните контроли ви овозможуваат лесно да го отворате и затворате. Достапен е со ЕХ пакетот. Лесно отворање на багажникот Уживајте во лесното отворање на багажникот без да користите раце. Едноставно приближете се до возилото, стојте со паметниот клуч пред багажникот 3 секунди и тој автоматски ќе се отвори. Двозонска автоматска контрола на температурата За на секој да му биде удобно, стандардниот двозонски систем за контрола на температурата е опремен со посебни контроли за возачот и патниците. USB приклучоци Поврзете различни уреди како телефони и мемориски уреди преку корисните USB приклучоци. Автоматско одмаглување При ладни временски услови стаклото брзо се одмаглува за одлична видливост во секое време. Стандарден систем за ЕХ пакетот. Грејач за воланот Опционалниот грејач за воланот е совршен за ладните зимски утра. Далечинско ракување со прозорците Отворете или затворете ги сите прозорци преку паметниот клуч, со држење на копчето 3 секунди. Вклучено е и безбедносно сопирање. LED магленки Стилски и практични, LED предните магленки го осветлуваат патот кога видливоста е намалена. Достапни за LX и EX моделите. Систем за осветлување Надворешните и внатрешните светла се синхронизираат со вашиот паметен клуч за да се вклучат при влегување во автомобилот. LED светла за мапи LED светлата за мапи на горната конзола ќе ја осветлат предната кабина кога е потребно. Достапни се со панорамскиот покрив. 60:40 прилагодливи седишта Благодарение на седиштата што се склопуваат без проблем ќе го поставите целиот багаж. Заден приклучок за напојување Со USB приклучоци и приклучоци за напојување од 12V на задната конзола, задните патници без проблем ќе можат да ги полнат своите уреди. Ролетна за задните прозорци Задната завеса за прозорците овозможува патниците и багажот да се скријат од сончевите зраци кога е топло. Електронска сопирачка за паркирање (EPB) Паркирајте со допирање копче. Електронската сопирачка за паркирање прикажува дали е правилно вклучена или не, со што ќе бидете целосно спокојни. 7-брзински DCT (менувач со двојна спојка) Благодарение на втората спојка за парните брзини, 7- брзинскиот DCT го олеснуваат менувањето брзини. 6-брзински автоматски менувач Електронскиот менувач на брзини овозможува брзо и лесно менување брзини. 6-брзински автоматски менувач Шестбрзинскиот рачен менувач ви овозможува да постигнете висок вртежен момент за подобро забрзување и спортски перформанси. 28 29

Што и да изберете, нема да погрешите Изберете од големата понуда на префинети бои, материјали и финиши за внатрешноста што ги нуди новата Optima. Со три различни и софистицирани опции за внатрешноста едноставно не можете да погрешите. Еднобојна, црна внатрешност Двобојна, бежова внатрешност Двобојна, сива внатрешност Богати, но суптилни црни Saturn Black кожени седишта со еднобојна инструмент табла и металик детали. Елегантни бежови кожени седишта со беж врати и потпирачи за раце, а црни инструмент табла, лајсни на вратите, патосници и долна конзола со металик детали. Елегантни сиви, кожени седишта со сиви врати и потпирачи за раце, а црни инструмент табла, лајсни на вратите, патосници и долна конзола со металик детали. EX опционален пакет со бежови кожени седишта EX опционален пакет со бежови кожени седишта EX опционален пакет со Saturn Black кожа EX опционален пакет со бежова ткаенина и вештачка кожа EX опционален пакет со сива ткаенина и вештачка кожа EX опционален пакет со црна ткаенина и вештачка кожа EX/LX стандарден пакет со црна ткаенина EX/LX стандарден пакет со бежова ткаенина EX/LX стандарден пакет со сива ткаенина 30 31

Возете со стил Свежите, возбудливи и динамични комбинации на бои за внатрешноста и надворешноста ви овозможуваат да му дадете свој личен печат на автомобилот.. Кога возите Kia вие учествувате во нашата мисија да пронајдеме поеколошки начини за живеење со што ќе помогнеме во зачувување на планетата. Еколошки автомобили Решетки Бои за надворешноста A-type B-type LX решетката има префинет сјаен финиш во црна боја. Фарови EX решетката е хромирана за поспортски изглед. Снежна, бисерно бела [SWP] Темно сива [M5G] ВоKia Motors, грижата за нашата планета и луѓето е главен приоритет и ние постојано се стремиме оваа посветеност да ја покажеме и на дело. Создаден во 2009, нашиот Eco- Dynamics систем помага во создавање на најеколошки автомобили во опсегот на Kia. Системот ги вклучува нашите најнови технологии за намалување на потрошувачката и штетните емисии како хибридните мотори, електричните мотори и моторите со горивни келии. Јасно бела [UD] Огнено црвена [K3R] Имаме цел да создадеме еколошки производствен систем со дизајнирање возила со подобра потрошувачка и еколошки делови што ќе можат повторно да се искористат. Истовремено забележуваме голем напредок во користење еколошки материјали и користиме биоразградлива технологија за деловите што го дозволуваат тоа. Двојни фарови Задни LED фарови На овој начин се стремиме да ја намалиме потрошувачката и да помогнеме во борбата со климатските промени. Ако и вие сакате да учествувате во нашата еколошка мисија и да овозможите подобра иднина за сите, го имаме совршениот автомобил за вас. Свиленикаво сива [4SS] Гравитациски сива [B4U] Димензии (мм) _ * 18" - меѓуоскино растојание Спецификации (мм) Единечни фарови со LED DRLs (LX) Фелни 215/60R 16-инчни светло сиви алуминиумски фелни 215/55R 17-инчни хипер металик сребрени алуминиумски фелни Задни фарови со светилка 235/45R 18-инчни алуминиумски фелни Аурора црн бисер [ABP] Плутон кафена [G4N] 1,860 1,860 Платинум графит [ABT] Уживајте во големиот избор бои за надворешноста вклучувајќи една еднобојна опција, две бисерни и шест металик. Со трите нови металик бои ќе имате уште поголем избор за да оставите впечаток 32 33 1,465 965 2,805 1,085 4,855 Вкупна должина 4,855 Вкупна ширина 1,860 Вкупна висина 1,465 Меѓуоскино растојание 2,805 Ширина на пневматици 1,597/1,604 Внатрешна висина 1,020/970 Простор за нозе 1,155/905 Внатрешна ширина 1,475/1,432 Ширина на седиштата 1,423/1,422 Капацитет на резервоарот (л) 70

7-годишна Kia гаранција: Фабричкагаранцијадо 7 годиниилидо 150,000 км. Важивоситеземјичленкина ЕУ (плус Норвешка, Швајцарија, Исланд и Гибралтар), и подлежи на локалните закони и регулации. 7-годишна гаранција за возилото Секое Kia возило има гаранција до 7 години или 150,000 км (неограничена километража за првите 3 години; 150, 000 км по 4 години). Оваа целосна гаранција е бесплатна и е пренослива на наредни сопственици, под услов автомобилот редовно да е сервисиран. Исто така вклучени сме и во најголемите спортски настани: Kia е официјален партнер на УЕФА и ФИФА. Ги спонзорираме австралискиот тениски турнир Аустралијан Опен и тениската ѕвезда Рафаел Надал. 5-годишна гаранција на бојата и 12-годишна гаранција за корозија Високо квалитетната боја овозможува долготрајна заштита и сјај за вашиот нов Kia автомобил. Опремен е и со заштита од корозија и има 12-годишна гаранција против корозија во внатрешноста и надворешноста. Финансирање Вашиот локален Kia застапник може да ви помогне во планирање финансиски план што најдобро ќе одговара навашитепотреби. Ве молиме информирајте се подобро кај вашиот локалензастапник. Остануваме во контакт Посетете ја нашата веб страница www.kia.com за да бидете во тек со сите новости.откријте повеќе за Kia и нашите фантастични нови автомобили.запознајте ги новите технички откритија од областа на алтернативни погонски системи, како на пример хибридни погони и погони со технологија со ќелии и земен гас. Можете да се информирате на што ново работи нашиот еколошки центар за истражување. 34 35