Закон за Данок на добивка
Службен Весник на РМ бр. 112 25 јули 2014 во сила од 02 август 2014
Примена Од 1 јануари 2015 година со утврдување на добивката за деловната 2014 година. Со започнувањето на примена престанува да се применува постоечкиот Закон за данокот на добивка.
Преодни одредби Даночните обврзници кои ќе вршат исплати на акумулираните добивки остварени во периодот од 2009 до 2013 година за дивиденди и други распределби од добивката, по стапувањето во сила на овој закон, имаат обврска да пресметаат и платат данок на добивка. Пресметувањето и плаќањето на данокот се врши на образецот ДД-ИД.
Преодни одредби За износот на платените месечни аконтации на данокот на добивка на непризнаени расходи во текот на 2014 година, на даночниот обврзник му се намалува пресметаниот данок на добивка во даночниот биланс за 2014 година.
Даночна основа Основа за пресметување на данокот од добивка е добивката која се утврдува во даночниот биланс, како разлика меѓу вкупните приходи и расходи во износи утврдени согласно сметководствените стандарди, зголемени за непризнаените расходи за даночни цели.
Даночна основа непризнати расходи - Трајниот отпис и исправката на вредноста на ненаплатените побарувања, освен на ненаплатените побарувања по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување и радиодифузна такса.
Даночна основа непризнати расходи - Ненаплатените побарувања кои произлегуваат од трансфери на парични средства кои по својата економска суштина се заеми, доколку не се вратени во истата година во која е извршен трансферот на заемот. По исклучок, ова не се однесува за дадените заеми од страна на здруженија и фондации (организации) кои се основани согласно со Законот за здруженија и фондации чија основна дејност е пласирање на заеми утврдени согласно со нивниот статут и програма.
Даночна основа поврзани страни - Поврзано лице со даночниот обврзник е физичко или правно лице кое може да има контрола или значајно влијание на деловните одлуки на даночниот обврзник; соодветно се применуваат одредбите од ЗТД; лицата кои со сопствениците на даночниот обврзник или членовите на органите на управување на даночниот обврзник се припадници на исто семејство во смисла на одредбите од Законот за даночна постапка; и секое нерезидентно правно лице од земја која има повластен даночен систем.
Даночна основа даночна загуба - Загубата може да се пренесе на товар на добивката во идните пресметковни периоди најмногу до три години сметано од годината во која е искажана загубата. Намалувањето во даночниот биланс се врши по претходно покривање на загубата согласно со ЗТД. Правото не може да се користи во случај на статусна промена (спојување, припојување, поделба, и слично). Правото се остварува со одобрение од УЈП, по писмено барање кое се поднесува најдоцна до 31 март наредната година, по годината во која загубата е искажана.
Даночно ослободување - инвестиции - Даночната основа се намалува за износот на извршените вложувања од добивката од претходната година (реинвестирана добивка), под што се подразбираат извршените инвестиции од добивката во материјални средства (недвижности, постројки и опрема) и во нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти) за проширување на дејноста на даночниот обврзник, освен вложувања во патнички автомобили, мебел, теписи, аудио визуелни средства, бела техника, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и други вложувања кои служат за административни цели.
Даночно ослободување - инвестиции - Доколку се пренесе правото на сопственост на средствата стекнати преку реинвестирање на добивката во рок од пет години од денот на нивното стекнување, обврзникот го должи данокот кој би го платил кога не би го користел ослободувањето. Доколку документирано не се докаже дека даночното ослободување е искористено за вложувања во материјални средства и во нематеријални средства за проширување на дејноста, обврзникот го должи данокот кој би го платил кога не би го користел ослободувањето.
Благодарам на вниманието zvonko.kocovski@bdo.mk тел. 3117888